Традиционално за Св.Василиј во некои делови од Македонија се припрема мазник со паричка.Верувањата се дека,на тој што ќе му падне паричката ќе го служи среќа во текот на целата година.



Состојки
1.5 кг брашно
1 лажичка сол
Подготовка
Во брашното додаваме 1 филџанче масло, сол и замесуваме со млака вода. Тестото убаво се меси и се дели на 16 топчиња. Секое топче се расплескува, од двете страни се премачкува со масло и се остава така да постои. Од секое топче се расукуваме кора, која се попрскува со масло и над неа се ренда сирење. Кората ја диплиме од двете страни кон средината, а потоа ги диплиме и краевите. Се витка кората. Така се прави со сите кори, се редат во тепсија и се печат.

 

1513292 3816432 n resize

 BM1.2

  • Prev
  • Спонзорирана Секција
Scroll to top